Нова анкета на ИРИ – резултати по распишувањето на изборите

Нова анкета на ИРИ - резултати по распишувањето на изборите
Нова анкета на ИРИ - резултати по распишувањето на изборите

Неодамна е направено истражување од ИРИ за рејтингот на политичките партии и политичарите во Македонија, но резултатите се уште не се објавени во јавност, пишува Република.

Од ИРИ за Република официјално велат дека податоците се уште се обработуваат, но како причина го наведуваат и периодот од 30 дена пред избори кога се намалуваат активностите. Кај нас без закажани избори, па терминот се одложи, посочува Илина Мангова, директорка на програма на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) во Македонија.

-Нека се распишат изборите ќе ги објавиме. Нашиот план е секогаш кога нешто работиме да објавиме, но ситуацијата во Македонија понекогаш не претекнува. Така што, нам ни е во план понатаму да ги објавиме- посочува Мангова за Република.

Република се обиде од ИРИ да ги добие резултатите барем за рејтингот на политичките партии и на политичките лидери, но за тоа ќе почекаме до официјалното објавување на анкетата. Во меѓувреме Република од други извори дознава дека истражувањето на ИРИ покажува уште поголема разлика меѓу рејтингот на партиите во корист на ВМРО- ДПМНЕ, споредено со резултатите од истражувањето кое за потребите на Република го спроведе агенцијата Брима Галуп.

Тие резултати покажуваа огромна поддршка и повеќе од двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ спрема СДСМ, односно доколку следната недела се одржат нови парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 36.8%, а за СДСМ повеќе од два пати помалку односно 15.7%.

ps1-chart-37

Овие резултати се кај македонското гласачко тело, но таквата двојна разлика се пресликуваше и доколку се земеше во предвид целосната етничка структура на населението во Република Македонија,односно 25.7% за ВМРО-ДПМНЕ према 13.4% за СДСМ.

1-chart-37

Тоа што сега се поставува како прашање е дали СДСМ и нејзините сателити исто така стигнале до резултатите од ова истражување, или пак им се предочени дел од резултатите, па упорно се обидуваат да ги одложат изборите?, се заклучува во текстот на Република.