Џон Кери во ненајавена посета во Ирак

– Кери ќе се сретене со премиерот Хајдер ал Абади, министерот за надворешни работи Ибрахим ал Џафари и со премиерот на автономниот курдски регион во Ирак, изјави потпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби.

Кери при тоа ќе ја изрази силната поддршка на САД за ирачката Влада „во нејзините одговори на значајните безбедносни, економски и политички предизвици“, наведе Кирби.

Тој додаде дека американскиот државен секретар, кој последен пат престојуваше во Ирак во септември 2014 година, ќе разговара за понатамошната поддршка на антиџихадистичката коалиција предводена од САД и за мерките што ги презема Ирак во борбата против ИД.

Кери во Ирак допатува од Доха, каде со министрите за надворешни работи на арапските земји на Персискиот залив разговараше за сосотјбите во Сирија, Ирак и Јемен.