Груевски: СДСМ и СОРОС планираат безредие и хаос за да избегаат од избори

СДСМ заедно со соросовите здруженија и невладини организации и онака планираа овие денови да прават протести секој ден со цел влошување на атмосферата и ескалација на состојбите, а со крајна цел избегнување на изборите. Ова го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање.

Тој рече дека интересот на СДСМ е во земјата да има анархија, безредие и хаос. Но, тоа не е интерес на граѓаните и на ВМРО-ДПМНЕ. Наш заеднички интерес е земјата да оди напред, демократијата да функционира, одлуките  на слободни и фер избори да ги ностат граѓаните.

Сакам да ве информирам, дека СДСМ заедно со соросовите здруженија и невладини организации и онака планираа овие денови да прават протести секој ден со цел влошување на атмосферата и ескалација на состојбите, а со крајна цел избегнување на изборите. Заев не криеше дека нема да оди на избори. Тоа беше планиранат  нивна политичка  кампања. Тоа беше нивната стратегија. Сега само малку ќе ја видозменат реториката,  искористувајки ја одлуката на претседателот како главна причина за избегнувањето на изборите, и ќе го прават она што го планираа. Деструкција, говор на омрза, истурање гнев, насилства, хаос, криза сеење лаги и манипулации од типот дека списоците не биле прочистени и дека нема услови за избори и слични лаги со кои сакаат да го покријат немањето подршка од граѓаните, кое главно се должи на нивната безидејност и деструкција, рече Груевски.