![dimitar-mircev](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/dimitar-mircev.jpg?resize=640%2C289&ssl=1)
Професорот Димитар Мирчев кој вечерва гостуваше во вестите на ТВ Нова зборуваше за актуелните состојби во земјата.
Тој потенцира дека фокусот е ставен кон тоа да се дестабилира Македонија од страна на внатрешни струи.
Не верувам дека состојбата е предизвикана директно поради одлуката на претседателот Иванов. Очигледно е дека имало некое сценарио кое е активирано на денот кога тој ја донесе одлуката, смета тој.
Мислам дека се работи за една храбра одлука донесена за помирување, меѓутоа очигледно е следејќи ги случувањата дека имало сценарија бидејќи сите акти на претседателот кои беа лична одлука беа во насока на тоа да се растоварат политичките субјекти од криминализации и да седнат на маса и да се договорат за излез од кризата. Засега тоа не се случи. Не верувам дека ова лудило ќе трае долго, на обичен граѓанин му е јасно дека мораме да дојдеме до мир и почитување на институциите, додаде Мирчев.
Тој истакна дека не верува во надворешно предизвикани сцени, макар што не ја исклучува можноста, а тоа го кажа и претседателот во својот говор. Меѓутоа, според него веројатно меѓународните фактори не се вмешале директно.
„Фокусот е Македонија да се дестабилизира“, истакна тој, додавајќи дека преку ова веројатно се изразени нечии внатрешни интереси.