Започна темелната обнова на булеварот „Ѓорче Петров“. Реконструкцијата која ќе се изврши во должина од 1.245 метри, ќе започне од кружниот тек кај СП Планет, па се до објектот на општината.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, градоначалниците на Град Скопје и општината Ѓорче Петров, Коце Трајановски и Сокол Митревски присуствуваа на почетокот на градежните работи на овој проект вреден 18,6 милиони долари.
Се очекува преку оваа темелна реконструкција да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот и да се уреди просторот.
Градежната офанзива во Скопје ќе продолжи и во идниот период. Во сите 10 скопски општини ќе има барем по два капитални проекти.