Неколку илјади граѓани вечерва излегоа и ја дадоа својата поддршка на собирот на ГДОМ во Битола. Тие уште еднаш јасно порачаа – избори на 5. јуни за излез од кризата.
– Да живее Република Македонија, да живее демократијата. Бараме и очекуваме избори на 5. јуни оваа година, а граѓаните во Македонија ќе ја дадат довербата на оние кои што тие сакаат, порача музичарот Сашко Савевски од Битола.
Од пред офицерскиот дом во Битола, илјадниците граѓани продолжија да се движат преку Широк сокак со цел да одржат еден протестен марш до плоштадот Магнолија.