
Синоќе во 22 часот и 40 минути на крстосницата од улиците „Маршал Тито“ и „Ванчо Прќе“ во Штип се случила сообраќајна незгода во која возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки управувано од страна на 27-годишниот И.Т. од Прилеп, удрило во женско лице кое во безсознаие било пренесено во Клиниката во Штип.
На жената и е констатирана скршеница на втор пршлен и за жал се бори за живот.
Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа на полицијата.