
Француски суд денеска покрена формална истрага против Салах Абдеслам, главниот осомничен за нападите во Париз во ноември минатата година, обвинувајќи го за припадност во терористичка организација, убиства, киднапирање и поседување на оружје и експлозив.
– Тој ќе биде ставен во самица, изјави неговиот адвокат Франк Бертон.
Белгиските власти утрово го екстрадираа Адеслам во Франција, а уапсен е во Брисел на 18 март.
Францускиот министер за правда Жан-Жак Ирвоа претходно изјави дека Абдеслам ќе биде држен во изолација во затвор во област на Париз.