Израелската армија соопшти дека извршила синоќа воздушни напади врз четири позиции на исламистичкото движење Хамас, кое управува со Појасот Газа. на палестинската територија.
– Како одговор на сегашните напади врз израелските сили авион на израелската авијација изврши напади синоќа врз четири објекти на Хамас во северниот дел на Појасот Газа, се наведува во соопштение на армијата.
Израелската команда претходно соопшти дека во средата воените сили извршиле напади врз пет позиции на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа, откако изминатите денови Хамас изврши повеќе ракетни напади на границата со таа територија.
– Операциите на Израел имаат одбранбен карактер, соопшти армијата.