Поддржувачите на ГДОМ и вечерва во Битола повторија дека излезот од политичката криза во Македонија се веќе закажаните парламентарни избори и јавно го осудија сквернавењето на спомениците од минатото што посебно се врши во главниот град на државата.
– Како историчар неможам да премолчам на обидите за дестабилизација на Македонија, деструкција и обиди за инсталирано „Украинско сценарио“. Некои прват обиди за закрвување на брат против брат, другар против другар, граѓанин проти граѓанин и ние тоа не смееме да го дозволиме. Се треба да заврши со избори на 5 јуни, истакна Ѓорги Чекутков, граѓански активист од Битола, кој воедно јавно го осуди сквернавењето на спомениците во Скопје.
Собирот на ГДОМ почна пред Офицерскиот дом, а заврши пред Градскиот часовник, на плоштадот „Магнолија“ во Битола, каде за утре напладне повторно е закажан граѓански собир.
И поддржувачите на ГДОМ од Кочани и Кичево попладнево излегоа на градските улици да испратат порака за одржување на избори на 5-ти јуни како најефективен начин за излез од кризата во која, според нив, опозицијата ја втурна Македонија.