Граѓанската иницијатива „Протестирам“ и денеска организира протести во Скопје и во повеќе градови против одлуката за аболиција донесена од претседателот Ѓорге Иванов, за негова оставка и одложување на распишаните предвремени парламентарни избори за 5 следниот месец.
Од пред Специјалното јавно обвинителство во Скопје, во знак на поддршка за обвинителите, поддржувачите денеска го почнаа протестот во знакот на јавните финансии и задолжувањето.
Демонстрантите кои дојдоа пред Управата за јавни приходи фрлаа балони со боја кон фасадата на зградата.
Протести се одржаа и Велес, Битола, Штип, Делчево, Кочани, Струмица, Прилеп, Кичево, Валандово, Радовиш и Ресен.