Ангеловски: Политичката криза е сценарио за дестабилизација

Последните неколку години Македонија беше исклучително стабилна, а луѓето ја споредуваа со Југославија во однос на мир и прогрес.

Ова во отвореното студио на ТВ Нова го истакна Страшо Ангеловски, кој додаде дека ваква криза се случува на територијата на целиот Балкан.

 

-Груевски не се сними сам и му ги даде разговорите на Заев да ги пушти. Секој кој ги следи нештата знае дека истиов процес се случува во Босна и Црна Гора. Во Црна Гора со насилни протести на опозицијата влегоа во влада. Истото се случува во Хрватска, Бугарија, најавено е и за Албанија, рече тој во гостувањето во ТВ Нова.

-Ова е сценарио за дестабилизација, а зошто баш ЕУ и Америка доаѓаат и се вмешуваат, а не Кина? Тука се работи за битки за влијание. Да не гледаме еднострано дека само тие имаат ингеренции да интервенираат за стабилноста, а сите други се исклучени, тоа не е аргумент, додаде тој.