Калиопи вечерва во одлично светло ја претстави Македонија на 61. издание на Евровизија, кое годинава се одржува во Стокхолм, Шведска.
Маестрално со многу емоции, Калиопи ја изведе песната „Дона“ настапувајќи осма на втората полуфинална вечер.
По извонредниот настап останува да се надеваме дека Калиопи со „Дона“ ќе обезбедат пласман за финалето.
Ова е вторпат Калиопи да ја претставува Македонија на Евровизија откако во 2012-та година со песната „Црно и бело“ успеа да се пласира во финалето.
Финалето ќе се одржи во сабота, а покрај „големата петорка“ ќе настапат и најдобрите 20 претставници од двете полуфинални вечери.