Според полицијата на 12 мај во 2.30 часот од страна на мешовит патролен тим полициски службеници од ПС за ГП и ГН Богородица и полициски службеници од Хрватска во Велес кај месноста „Венуле“ запреле автомобил крајслер, управуван од И.С.(23) од Скопје, при што пронајдени биле шест мигранти од Пакистан.
Лицата се приведени и задржани во полициската станица-Велес за понатамошна постапка. По документирање на случајот РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против И.С. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.