Сите обвинети во „Ќелија“ ја признаа вината

Сите обвинети во „Ќелија“ ја признаа вината
Сите обвинети во „Ќелија“ ја признаа вината
В среда Судот треба да ја соопшти пресудата за петтемина обвинети во случајот „Ќелија“, кои се товарат дека соработувале со екстремната сунитска организација Исламската држава, откако на денешното судење и тие како и останатите шестмина обвинети ја признаа вината, пишува „Прес 24“
Иако на оцената на обвинителниот акт тие рекле дека не се чувствуваат виновни за делата со кои се товарат, Иса Фуга, Абдула Абдулахи, Мухамед Имери, Ерол Рустеми и Стефан Стефановски, се премислија и ја признале вината.
При оценувањето на обвинителниот акт вината ја признаа Оџата Реџеп Мемиши, Ахмет Дарлишта, Сејфула Етемовски, Ресуљ Саити, Фазљи Суља и Мухамед Шеху. Тие беа осудени на минимални затворски казни од пет до седум години.