Маска за сува коса со маслиново масло

Маска за сува коса со маслиново масло
Маска за сува коса со маслиново масло

Дајте и на вашата коса мекост и сјај со помош на маслиновото масло.

„Течното злато”, како што го нарекуваат маслиновото масло, има безброј чудесни својства не само за косата, туку и за кожата и за целиот организам. Искористите ги предностите и неговиот исклучителен ефект да ја направи вашата коса мека и сјајна.

Маска за сува и оштетена коса:

Се што ви е потребно за неа се 10мл маслиново масло. Загрејте го и нанесете го на врвот на косата со помош на четка. Потоа рaзанесете го маслиновото масло низ целата коса и ставете капа за бања. Почекајте маската да дејствува помеѓу 15-30 минути, а потоа исплакнете ја со топла вода. За да го отстраните целосно маслиновото масло од коста, користете шампон.

Маска за негување со навлажнувачи ефект:

За неа ви се потребни 1 јајце, 1 лажица оцет и 2 лажици маслиново масло. За да ја приготвите маската, едноставно измешајте ги состојките додека добиете хомогена смеса. Нанесте ја на косата повторно со помош на четка и расчешлајте со помош на чешел. Потребно е да се почека 15 минути пред да се измие маската со шампон.

Брза маска за поголема виталност:

Во еден сад измешајте 2 лажици маслиново масло, 1 лажичка мед и 1 лажича јаболков оцет, а потоа со четка нанесте на косата. Покријте ја коста со влажна и топла крпа и почекајте 10-15 минути. Потоа измијте ја маската со млака вода и шампон.