Пожелно е да изберете задкопан, но нема да е грешка ако се спрема и копанот.
Состојки
4 копани – зад копани
3 лажици маслиново масло на вкус сол,бибер
1/2 лимон – сокот и изрендана кора по желба неколку листови жалфија
– На вкус осолете ги месото, зачинете со бибер.
– Во тава со нелеплива површина ставете го маслото да се загрее, внимателно ставете го месото со кожата надоле и нека се пржи на тивко од двете страни, при самиот крај додаде нарендата кора од лимон и заедно кратко нека се пржи. Залијте со исцедениот сок , нека помине минутка време и тргнете, доколку ја сакате жалфијата – додека е топло додадете неколку листови, одлично се сложуваат жалфијата и лимонот.
– Вака подготвеното месо е готово да го сервирате со прилог кој вие ќе си го одберете. Напомена – Кога ќе го положите месото со кожата надоле, потрудете се и бидете трпеливи да не го превртувате без да биде убаво испржено од таа страна. Значи месото да претрпи само едно превртување. Ако вака ги приготвите ќе имате крцкава кожа.
– Нема да згрешите ако и копаните вака ги спремите, но сепак задкопанот е тој што ја игра улогата овде.