Подморница ќе биде вклучена во потрагата по црните кутии на египетскиот авион А320, кој исчезна над Средоземното Море, изјави денеска египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.
– Министерството за нафта достави за истрага соверемена опрема, вклучувајќи и подморница, која може да се спушти до длабочина од три илјади метри, додаде Сиси.
Екипите го утврдиле регионот во кои се наоѓаат црните кутии, соопшти претходно Министерството за цивилно воздухопловство.