Kнигата за деца под наслов „Понорница“ од Вера Симовска ќе биде промовирана во четврток во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“.
За најновото дело на авторката, ликовно-графички дизајнирано од уметникот Методија Николовски ќе зборува проф.д-р Јован Дамјановски.
Промоцијата ќе биде збогатена со изложба на слики од младата Евгенија Трипуновска, а стихови ќе читаат ученици од основното училиште „Јан Амон Каменски“ од Скопје.