На 23 мај во 5.50 часот од страна на мешовит патролен тим на автопатот помеѓу селата Прдејци и Смоквица бил забележан камион рено, а при обид да биде извршена контрола, возачот застанал и веднаш се дал во бегство.
При прегледот во возилото пронајдени се 31 мигрант (28 од Пакистан и 3 од Индија) со нелегален влез од Грција во Македонија.