Меркел: Уште е рано да се зборува за укинување на санкциите кон Русија

На маргините од средбата на самитот на Г-7 во Јапонија, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека се уште е рано да се зборува за укинување на санкциите кои Западот ги воведе кон Русија.

И претседателот на Европскиот совет Доналд Туск се осврна на санкциите кон Русија.

– Убеден сум дека ќе донесеме одлука за санкциите во следните две-три недели без големи разгледувања, посочи Туск.

Тој додаде дека Европска унија ќе се придржува на актуелната политика кон Русија, вклучително и кон економските санкции, додека не бидат до крај исполнети обврските од Договорот од Минск.

Европските санкции кон Русија ќе бидат во сила до 31 јули и досега не е разговарано за нивно продолжување.