Фудбалската репрезентација до 21 година гостува во Киев

Фудбалската репрезентација до 21 година гостува во Киев
Фудбалската репрезентација до 21 година гостува во Киев

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година попладнево во Киев ќе одигра натпревар против Украина од групата 3 од квалификациите за Европското првенство 2017 година.

Ова за избраниците на селекторот Благоја Милевски е нов предизвик особено што Македонија се наоѓа на третото место на табелата и е со шанси да настапува во баражот.

Нашиот денешен ривал се наоѓа на претпоследното место во групата, а Македонија на првиот дуел на двете селекции постигна победа од 1:0. Атмосферата во таборот на нашата репрезентација е позитивна.

– Треба и на овој натпревар да одиграме максимално како до сега на сите дуели во групата. Да ги извршиме поставените задачи и со самото тоа очекувам позитивен резултат, изјави репрезентативецот Ѓорѓи Зајков.

Натпреварот се игра во Киев, а судија е Рахим Хасанов од Азербејџан. Почетокот на дуелот е во 17 часот.

На чело на табелата во групата 3 е Франција со 14 бодови, Исланд има 12, Македонија е трета со 9, Шкотска 8, Украина 4, а последна е Северна Ирска со 1 бод.