Доколку сакате да подготвите вкусен десерт ви предлагаме да се одлучите за ролатот со банани.
Потребни состојки:
5 јајца
80 гр шеќер
50 гр пченично остро брашно
17 гр какао
1 прашок за пециво
За крем
5 јајца
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
200 гр путер
100 гр мелени бадеми
2 лажици рум
За полнење
1 кг банани
1 лажица лимонов сок
Подготовка:
Јајцата пенесто изматете ги со шеќерот, додајте брашно измешано со прашокот за пециво и какао и потоа лесно измешајте.
Подготвената смеса ставете ја во тава (40х32 см) обложенаР со хартија за печење во фурна загреана на 170 степени 18 минути.
Испечениот пандишпан замотајте го и оставете да се излади.
За кремот, јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер пенесто изматете ги и гответе ги на пара со постојано мешање, на крајот додајте изрендана чоколада и мешајте толку долго додека целата чоколада не се стопи.Во изладената крема додајте изрендан путер, добро измешајте и на крајот измешајте ги бадемите и румот.
Излупените банани испрскајте ги со лимонов сок, пандишпанот одмотајте го, извадете ја хартијата за печење, премачкајте го со кремата и покрај еден крај наредете два реда банани. Пандишпанот замотајте го во ролна и однадвор премачкајте го со кремот.