Премиерот Емил Димитриев прашан за коментар за одложувањето на изборите истакна дека ситед обврски за спроведување на предвремените парламентарни избори и на 24 април и на 5 јуни се реализирани, но додаде дека поради исходот од политичките разговори на двапати имавме одлагање на изборите и пролонгирање на политичката криза која има негативни ефекти во функционирањето на државата.
– Новата реалност во ситуација е да се посветиме силно на реализација на програмата на Владата, на реформите и на крупните проекти од различни области – инфраструктура, земјоделство, здравство… и паралелно со тоа да течат политичките разговори меѓу политичките партии за да се утврди нов термин за одржување на избори, рече Димитриев по координативниот работен состанок во Владата на тема „Акциски план за реализација на итните реформски приоритети“.