
Агенцијата за храна и ветеринарство повторува дека останатиот дел од вакцините се веќе нарачани и оти во најскоро време се очекува нивно пристигнување во земјава.
-Сточарите не чекаат на отштета како што неупатено тврди Николовски. Постапката за пријавување на барања за отштета за закланите и убиените грла е во тек. Досега до Агенцијата за храна и ветеринарство се пристигнати седум барања за отштета од страна на сточарите, кои согласно законските прописи ќе се разгледаат и ќе се исплатат во најкус можен рок, се вели во реакцијата од АХВ.