Во организација на Младинскиот културен центар овој викнед ( 25 и 26 јули) со наслов „МКЦ за Скопје” за љубителите на филмот, музиката и уметноста ќе се одржат повеќе настани, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен.
На 25 јули е концертот на ТИ, Доџо & Лепи Џони. Додека на 26 јули ќе се отоври изложба на избрани дела од академскиот сликар Томе Мишев.
Истиот ден во кино „Фросина“ е предвидено проекција на филмовите: „ре: волт # 2“ (r e : v o l t # 2) на Стефан Сидовски и „Град на човечко препознавање“ (документарен филм на Трајче Попов 1972). Филмот е посветен на Скопје, на неговиот развој низ векови, на борбата против разните окупатори и природните стихии, за посетите на претседателот Тито, за сè она што било значајно во неговиот развој.
Филмскиот 24-часовен маратон во кино Милениум ќе започне на 26 јули во 11 часот со филмот Поштарот Пет , следат:
Во 13 ч. – Како да го дресирате вашиот змеј 2 3Д
Во 15 ч. – Икс-Мен: Денови на идното минато 3Д
Во 17 ч. – Планетата на мајмуните – Револуција 3Д
Во 20 ч. – Херкул 3Д
Во 22 ч. – Улица Скок бр. 22
Во 00 ч. – ТРАНСФОРМЕРС: ДОБА НА ИЗУМИРАЊЕ 3Д
Во 03 ч. – Семеен Хаос
Во 05 ч. – ФИФА 2014: Обединети Страсти
Во 08 ч. – Рио 2 3Д
Билети ќе се издаваат само за филмовите „Херкул“ од 20 часот и „Улица Скок бр.22“ од 22 часот. Билети, на едно лице по најмногу 2 билета, ќе можат да се подигнат на билетара на Кино Милениум веќе од петок од 10 часот. За останатите проекции нема да бидат потребни билети, соопштија од МКЦ.