24 мај одбележан во Рим – молебен на гробот на Свети Кирил

Државно црковната делегација којашто ја предводи шефицата на државата Г.С.Д се поклони на гробот на свети кирил во базиликата св. Климент во Рим. Нејзе ја пречекаа македонски вернички коишто преку црковно здружение дошле да оддадат почит на делото на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј по повод денешниот празник. Горди што за првпат Македонија ја води жена не ја заборавија и македонската химна којашто одекна во една од најзначајните базилики во Рим.

Молебенот го одржаа дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј и европскиот миѕрополит Пимен. Тој од Рим порача дека делото на браќата на сесловенските просветители треба да продолжиме да го славиме бидејќи преку азбуката и јазикот народите може меѓусебно да се слушнат и да се разберат.

„Токму тука, каде почива Свети Кирил, е победена тројазичната ерес. Тоа покажало дека на секој јазик може да се слави Господ Бог и со тоа се дава можност секој човек на свој јазик да слушне за Господа и да не биде само пасивен посматрач, туку активно да може да се посвети на службата“, рече европскиот митрополит Пимен.

Претседателката Силјановска Давкова порача дека Свети Кирил е значаен бидејќи не обединува со словенските народи.

„Кирил бил со векови пред времето, Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот живот на некој начин во Европа пред многу, многу векови и тоа мора да го почитуваме“, изјави денеска македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова по молебенот во чест на Свети Кирил, во базиликата „Свети Климент“ во Рим, каде се наоѓа и гробот на сесловенскиот просветител.

Македонката делегација цвеќе положи и пред плочата со македонски написи во базиликата Голема Богородица.

Попладне е предвидена средба со претседателот на Италија Серџио Матарела. Македонија оваа година во декември ќе одбележи 31 година од воспоставувањето на дипломатски односи со Италија.