![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/07/Capture-13.jpg?resize=696%2C404&ssl=1)
Само минатата недела 252 возачи платиле казна за паркинг во Центар.
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар, оваа акција ја спровеле во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје. Според ПОЦ, тие биле непрописно паркирани и го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Во периодот од 08.07. до 15.07.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 122 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
-ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, велат од Паркинзи на општина Центар.