Огромен напредок во спортот, стратегија која ќе овозможи градење на врвни спортисти и одлични спортски резултати, ова се првичните реакции на спортиските и спортските работници по најавата на четири мерки за директна поддршка на спортот коишто ги промовираше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.
Кајакарот Атанас Николовски вели дека со реализација на овие мерките очекува првите резултати да се видат по само неколку години и дека преземањето на вакви проекти од страна на државата значи сериозно задолжување на спортистите да постигнуваат подобри резултатите на меѓународните натпреварувања.
„Мислам дека ќе има огромен напредок во спортот владата на рм во овие години нанзад финанс во објектите секако гледам дека тоа е плански изработено. Прво во инфраструктурата и ние спортистите да бидеме финансирани онака како што треба, ова со овие четири мерки што ќе се преземат мислам дека ќе имаме еден огромен напредок. Мислам дека и нас ќе не задолжат, но и да и вратат на Македонија со одлични спортски резултатите“, вели Николовски.
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски вели ова е начинот на кој што се градат врвни спортисти од кои можеме да очекуваме резултати.
„Сметам дека се извонредно значајни ќе делуваат за напредување на спортот бидејќи ние имаме проблем со напредување на спортот, немаме проблеми со инфраструктурата тоа е точно, но имаме проблеми со развојот на спортот тоа се гледа на меѓународен план ,а на планот на олимписки. Тоа ќе ги поттикне спортовите со цела стратегија што можеме а ја градиме мора да има клубови, да има селекција, да има млади спортисти и така може да се створат врвни спортисти“, вели Тупурковски додавајќи дека државата презима огромна обврска нас себе.
„Им честитам за идеите и сигурен сум дека ќе се реализираат“, вели претседателот на МОК.
Првиот спорт во којшто државата ќе инвестира 700-тини илјади евра во формирање на домашна лига ќе биде боксот којшто има традиција во Македонија, а македонските боксери во минатото редовно се враќаа со медали од меѓународните натпреварувања.
Боксерскиот тренер, Миле Смилевски од скопскиот клуб „Водно“ вели оваа стратегија ќе овозможи барем неколку боксери да се истакнат и пласираат на значајни натпревари.
„Мислам дека ова е одличен проект, бидејќи ќе имаме доста успех на тој план да може да се квалификува било кој боксер на европско или олимпијада е добра можност. Мислам дека ќе успееме барем неколку од спортистите да се истакнат и да се пласираат на европски и светски првенства“, вели Смилевски.
Вложени 2,2 милијарди денари во спортска инфраструктура
Спортистите истакнуваат дека спортските објекти за разлика од пред 10 години повеќе не се проблем. Условите за тренинзи се значително подобрени со изградбата на нови спортски сали и набавка на спортска опрема.
Над 2,2 милијарди денари државата преку Агенција за млади и спорт.
досега инвестирала во изградба и опремување на 225 спортски објекти низ целата држава. Податоците од Агенцијата говорат дека досега се изградени 34 спортски сали со трибини за публика, а реконструирани се две постоечки сали.
Изградени се 60 фудбалски игралишта, една вештачка карпа за спортско качување на Кејот на Вардар во Карпош. Од проектот за изградба на 120 тениски игралишта досега се изградени 74, а нови 15 се во фаза на изградба. Низ целата државата вкупно се изградени 64 повеќенаменски игралишта од проектот за изградба на 100 мултифункционални спортски терени, а во текот на оваа година треба да се градат 22 нови.
Интензивно се градат и баскети игралиштата. Владиниот проект предвидува изградба на 150 терени за кошарка низ државата.
Покрај овие проекти, во моментов Агенцијата работи и на околу 40-тина други спортски објекти – затворен базен во Охрид чија изградба чини пет милиони евра, четири фитнес зони, две фудбалски игралишта за голем фудбал, а наскоро се најавува и старт на изградба на три спортски игралишта во Ложани, Зубовце и Зелениково, како и реконструкција на големото фудбалско игралиште во Демир Хисар.