Во Романија регистриран земјотрес од 5.6 степени по Рихтер

Епицентарот на земјотресот бил на 149 километри северно од Букурешт, на длабочина од 91,25 километри.

Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Земјотресите со таков интензитет се умерени, но можат да предизвикаат одредена материјална штета. Длабочината на епицентарот на земјотресот ги намали последиците.