Од денеска алкохол само до 19 часот

Алкохолните пијалaци од денеска во трговските објекти ќе се продаваат од 6.00 до 19.00 часот, место до 21.00 часот.

Според законските одредби, продолженото време на продажба до 21.00 часот важи од мај до крајот на септември.

За тие што нема да го почитуваат законското решение се предвидени санкции – забрана за вршење дејност во траење од седум или 15 дена, како и парична казна до 5.000 евра