Македонските компании добитнички на глобалните ИКТ награди за инзвонредност

ИКТ

Во рамки на истиот избор, на македонските компании Брансис и 4Виртус им е доделено посебно признание – награда за заслуга (Merit Award), со кое иако не се победници се истакнуваат со нивната извонредност и препознатливост како ИКТ компании.

Наградите се доделени за време на Светскиот Конгрес за ИТ во организација на WITSA, одржан во Бразил, Бразилија.

Изборот „Глобални ИКТ награди за извонредност” организиран од страна на Светската алијанса за ИТ услуги се одржува на секои две години и за време на Светскиот конгрес на WITSA се доделуваат наградите со цел да се даде признание на компаниите и организациите за ИТ достигнувањата на глобално ниво. Наградите што се избираат во рамки на овој избор ги опфаќаат следниве категории: Решение во јавен сектор, решение во приватен сектор, Решение за дигитални можности, Решение за одржлив раст и Извонредни мобилни решенија. МАСИТ како член на оваа глобална организација има можност да предлага решенија од Македонија и оваа година беа номинирани  пет.

– Наградите добиени од страна на WITSA претставуваат исклучително достигнување не само за компаниите добитници на истите, туку и за целокупната македонска ИКТ индустрија. Истите се потврда дека Македонија како земја е конкурентна на светско ниво кога станува збор за ИКТ и располага со висококвалификувани кадри и компании кои постојано ги следат светските трендови и технологии и можат да одговорат на потребите за креирање на најсовремени ИКТ решенија, изјави Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.

Светката алијанса за информатички технологии и услуги е водечки признат меѓународен глас  на глобалната ИКТ индустрија, чии членови од повеќе од 80 земји и економии, претставуваат повеќе од 90 проценти од светскиот ИКТ пазар.