Денеска (04.11.2023) во 08.20 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(26) од Скопје, поради тоа што на 03.11.2023 околу 23.20 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, тој упатил закани со пиштол кон А.А.(48) од Скопје и неговото семејство.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.