Пиле во сос од печурки и неодолива Васина торта

Вкусно пилешко и слатка Васина торта се нашиот предлог за денешниот ручек.

Потребно:

1 пиле

200 гр свежи шампињони

250 гр макарони

200 гр павлака

2 моркови

1 главица кромид

100 гр путер

1 пилешка коцка за супа

корен и листови од целер

магдонос

мајчина душичка

50 гр  брашно

сол и црн пипер

Подготовка:

Коренот од пашканат го сечкаме на поголеми коцки и го оставаме во сад настрана. Главицата кромид ја сечкаме на четвртинки, па и неа ја ставаме во сад настрана. Морковите ги сечкаме на кругови и ги оставаме настрана. И коренот од целер го сечкаме на коцки и го ставаме на чинијата со листовите целер.

Потоа го земаме пилето. Го сечеме на парчиња и го оставаме на чинија настрана. На оган ставаме тенџере со вода и во него ги додаваме коренот од пашканат, коренот и листовите од целер, кромидот, морковите и пилешката коцка за супа. Потоа во тенџерето ја додаваме мајчина душичка , магдоносот и парчињата пилешко месо. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер, го покриваме тенџерето со капак и оставаме да врие. Откако месото е варено со лажица решетка парчињата пилешко ги вадиме од тенџерето и ги ставаме во тава за пржење. Потоа со црпалка во цедалка, во еден поголем длабок сад го ставаме зеленчукот. Го притискаме зеленчукот со црпалката. Во тенџре со зовриена вода на оган ги ставаме макароните. Посолуваме. Зеленчукот од цедалката го ставаме во блендер и го пасираме.

На оган ставаме тава за пржење и во неа путерот да се растопи. На даската за сечење шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги ставаме во тавата да се пржат. Промешуваме, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Потоа во тавата го додаваме брашното и со црпалка налеваме од супата во која се вареа месото и зеленчукот. Промешуваме и во тавата ја додаваме павлаката. Повторно промешуваме и го додаваме испасираниот зеленчук од блендерот.

Убаво промешуваме и во тавата ги додаваме парчињата пилешко месо. Сварените макарони од тенџерето ги истураме во цедалка и ги плакнеме со студена вода.

На оган ставаме тава за пржење и во неа путер да се растопи. Потоа во тавата ги додаваме исцедените макарони. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. На чинијата ги ставаме макароните, а врз нив парчињата пилешко месо. Пилешкото го преливаме со сосот во кој се подготвуваше, а на чинијата ги вадиме и шампињоните. Еден лимон го сечеме на кругови, а потоа круговите на половина и со нив ја украсуваме чинијата за сервирање. Декорацијата ја завршуваме со гранчиња магдонос.

Позната по својот неодлив вкус, оваа торта е одличен десерт по добар ручек.

Потребно:

6 јајца

6 лажици шеќер

1 лажица брашно

7 лажици мелени ореви

5 жолчки

5 лажици шеќер во прав

250 гр. мелени ореви

50-100 мл млеко

3-4 лажица шеќер

150 гр. маргарин

150 гр шеќер во прав

1 лимон (кора)

1 портокал (кора)

Подготовка:

6те јајца се матат со 6 лажици шеќер. Одделно се мешаат брашното, 7 лажици мелени ореви и изрендана кора од 1 лимон. Кога убаво ќе се промеша се додава на претходно изматените јајца. Тестото ставете го овален или правоаголен сад, зависно каква форма сакате да биде тортата, така што тестото да биде во висина од 3-4 сентиметри.

Додека тестото се пече може да го подготвите филот. На пареа се матат 5 жолчки со 5 лажици шеќер во прав. Откако убаво ќе се изматат се тргаат од оган и се оставаат малку да се оладат. Дополнително се подготвуваат 250гр мелени ореви кои се попаруваат со 50-100 мл млеко. Млекото засладете го со 3-4 лажици шеќер. На страна пенесто изматете го маргаринот со 150 гр шеќер во прав. Во изладените жолчки додадете ги попарените ореви и претходно изматениот маргарин и убаво промешајте за да се изедначи филот. Додадете и сок и рендана кора од 1 портокал и повторно убаво промешајте.

Откако испеченото тесто убаво ќе се олади премачкајте го со филот одозгора, но и од страните. На крај декорирајте ја со суво овошје.