Беа доделени и награди за најдобрите три дописни картички – трета за „Љубовта лечи се“ на Богдан Николиќ, втора за „И кога сонцето грее не затскривај се, помагај“ на Ратка Павлова, и прва награда за дописната картичка „Љубовта може се„ на Вера Гачевска.
Во рамките на проектот, на отворениот конкурс, пристигнале повеќе од 120 дописни картички од целата држава. На овој начин, како што посочуваат од Црвениот крст, се остварува една на насоките на ОН за практикување на активното стареење.
Проектот се реализираше три месеци и во него имаа можност да учествуваат и конкурираат сите лица во трето доба во Република Македонија.
Преку овој проект, лицата во трето доба имаа можност да ја искажаат својата креативност и да креираат уметнички дела во форма на дописни картички.