
Основниот јавен обвинител на Призрен, Сул Хоџа го потврди инцидентот за елекртронското издание на весникот „Коха диторе“, додавајќи дека тој се случил во четири часот утрово.
– Нападнат е објкетот на турскиот Конзулат во Призрен, при што е предизвикана само мала материјална штета. Повредени нема, изјави обвинителот.
Според него, екипи на полицијата и Обвинителството извршиле увид, прибрале докази и привеле пет лица. Истрагата продлжува.