Стаменковска: За развој на земјоделството предвидени 600 милиони евра

стаменковска

Преку 60% од општина Гази Баба е во рурален дел и токму затоа, овие проекти се многу значајни, подвлече

Во програмата е предвидена поддршка за отворање на органски продавници со тоа што 50% ќе бидат финансирани трошоци за опрема во  максимален износ од 60.000 денари а се предвидува и 50% поддршка за производство и употреба на зелена енергија и за заштита на квалитетот на земјоделските производ. Наместо досегашните 50% за финансирање на земјоделска механизација сега се предвидува 60%. Новина е и 60% поддршка за осигурување на земјоделските посеви , мерка која е многу значајна бидејќи ретко кој земјоделец го има осигурено својот посед. За подобро искористување на ИПАРД средствата се планира формирање на фонд кој ќе обезбеди гаранција за хипотеката на земјоделските кредити во висина од 50% од висина на износот а со 50% ќе се субвенционираат каматните стапки за ИПАРД инвестициите, изјави Невенка Стаменковска, кандидат за пратеник во ИЕ 2.