27 девојчиња под 15 години лани станале мајки

Во текот на минатата година во земјава 27 девојчиња на возраст под 15 години станале мајки, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Лани, имало 1.165 родилки на возраст од 15 до 19 години.

Статистиката открива дека најмногубројни се родилките на возраст од 25 до 29 години(8.377 во 2014 година), како и постојан пораст на бројот на родилки на возраст од 30 до 34 години (6.310 во 2014 година).

Интересно е што статистичарите откриваат дека во текот на минатата година имало три случаи на живородени деца чии мајки имале над 50 години.