-ВМРО-ДПМНЕ ја има најдобрата програма со 100 проекти за секој граѓанин во Р. Македонија. Важно е да имаш програма, но треба да имаш и гаранција. Нашиот отчет е нашата гаранција. ВМРО-ДПМНЕ може достоинствено да застане пред вас. За следните 4 години предвидуваме бројни и проекти за Ѓорче Петров, рече Тодоров.
Тој посочи дека ќе бидат изградени училишта улици, доизградба на канализацијата во Волково, изградба на тениски терени, 140 нови детски градинки, зголемување на плати и пензии, зголемување на социјална помош, еднократна парична помош за деца без родители, субвенции за греење на пелети, ва Скопје изградба на 3 подземни сообраќајници и многу други проекти кои ќе им го подобрат живото на граѓаните.
-Сакам да ве замолам лично да ја прочитате програмата на СДСМ, не препишаниот дел, туку да го прочитате оној дел кои самите го напишале, а по нарачка на некој друг. Ветиле политипни општини, не сум шовинист, ги делам луѓето на добри и лоши. Дали е добра политика градоначалникот на Сарај да има униформирани и вооружени полицајци и да има одделени за издавање на пасоши и лични карти. Дали со ова нешто ќе добиете. Одберете го она што е подобро за вас и за државата, рече Тодоров.