На децата им е потребен многу свеж воздух. Бебињата, како и поголемите деца кои престојуваат на свеж воздух и во проветрувани простории се многу поздрави и поретко заболуваат од респираторни инфекции. Доколку нема ветер или дожд, детето треба секој ден по два до три часа да се изнесува надвор, но, во ладните зимски денови, некои мајки излегувањето надвор го сведуваат на минимум, што поради временските услови, што поради тоа што се плашат дека ладниот воздух може да го настине детето.
Во најлоши случаи, има бебиња кои во текот на цела зима, дење и ноќе престојуваат во многу затоплени простории. Последиците од тоа се гледаат во бледата боја на кожата, изгубен апетит и малаксаност.
Во зима најдобро е детето да се изнесе од дома околу пладне, односно, помеѓу 10 и 14 часот. Доколку живеете на село и имате двор, детето можете да го оставите на водух и подолго од три часа доколу времето ви го дозволува тоа. Ако сакате прошетки по свеж воздух и имате време, останете долго надвор и што подолго, тоа подобро.
Една од најважните работи што е од голема полза за здравјето на вашето дете е во текот на зимскиот период често да се проветрува просторијата во која се престојува. Во долгиот греен период, треба да се избегнува проветрување на собите со отворање на на прозорците врз принцип на кипење.
Свежиот воздух најдобро се обезбедува со истовремено отворање на сите прозорци околу три до четири минути, доволно за да се смени воздухот, а да не се оладат ѕидовите. Значи, одеднаш отоврете ги сите прозорци и врати, кратко направите провев, т.е. целосна размена на воздухот во просторијата, без да се изгуби топлината на ѕидовите и мебелот, за да може брзо после тоа да се добие саканата температура на воздухот.
За да се намали енергетскиот губиток, доколку е возможно, исклучете го греењето во текот на проветрувањето. Обидете се да направите „попречно проветрување“, односно, отоворете врата или прозорец од спротивната страна за да се создаде провев. На тој начин, влажниот воздух од просторијата се меша со свежиот ладен и сув воздух од надвор.
По неколку часа, воздухот внатре повторно впива одредена количина водена пареа, така што, повторно се јавува вишок на водена пареа. Тогаш можете повторно да проверите. Се препорачува, дневно проветрување од три до пет пати.
Значително подобрување се постигнува по две до три недели. Просториите кои се ноѓаат на северната страна во зима би требало повеќе да се загреваат и да се проветруваат бидејќи повеќе се ладат. Исто е и со просториите кои се со поголема количина на влага, како. бања на пример.
Лимени садови до грејни тела се најефикасни
Постојат повеќе начини како да го освежите сувиот воздух во текот на зимските денови. Во сезоната на греење, поради ладното просториите се држат затворени и сувиот воздух станува навистина голем проблем, особено за бебињата и малите деца, но и за сите оние кои престојуваат во затворени простоии.
Во близина на грејните тела (радијатор, печка, камин) чувајте садови со вода или влажни памучни крпи.
На ребрата на радијаторите, на секои 30 сантиметри закачете по еден испарувач на вода. Избегнувајте тесни и високи модели, најефикасни се плитки и лимени садови. Во водата сипете неколку капки етерично масло од лимон, што ќе шири пријатен мирис и свеж воздух.
Доколку имате проблеми со дишните органи, во садот со вода додадете неколку капки еукалиптус или нане. Во недостиг на етерично масло, на радијаторите ставете кори од лимон, портокали или мандарини.
Собните билки го прават воздухот повлажен, затоа со нив исполнете ги сите простории, освен оние во кои спиете. За пријатен амбиент и оптимална влажност, работа ќе заврши фикус, филадендрон, драцена, собни палми, дрво лимон…
Доколку имате посебни уреди кои имаат функција на овлажнувач на воздух, редовни чистете ги филтрите и садовите за вода. Доколку во тој процес користите средства за дезинфекција, добро измијте, за да не дишете штетни испарувања.