285 граѓани не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија  по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 285 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел  справување со ковид -19.