Кој хороскопски знак е најлош за врска?

Без разлика на тоа дали верувате во хороскоп или не, постојат некои врски што секој од нас ќе ги препознае во себе, во своите блиски, пријателите или во партнерот. И додека некои карактеристики на знаците се вредни за пофалба, другите никој не саката да ги признае и да ги врзе за сопственото име. Дознајте кои хороскопски знаци се најопасни како партнери!

Овен

Верност: Ако во неговата глава тоа не е тоа, неверството се случува ненадејно и тоа не е реткост. Но, ако вистински се вљуби, Овенот сака со целото свое срце.

Љубомора: 75 %

Бик

Верност: Ги сакаат сигурноста и среќата што им ги носи цврстата и стабилна врска. Не се склони кон неверства и се навистина верни партнери. Искушението не им е никаков проблем, па најверојатно ќе му се спротистават.

Љубомора: 65 %

Близнаци

Верност: Иако можеби сакаат да бидат верни и предадени, навистина е тешко да се одолее на нивниот шарм. Ако не се во сериозна врска тогаш обожаваат да флертуваат, дури и кога не сакаат ништо повеќе од дружење, што често може да ја збубни другата страна.  Но, кога вистински ќе се вљубат, близнаците се трудат да му удоволат на партнерот и да бидат верни.

Љубомора: 25%

Рак

Верност: Ако нивната врска е квалитетна и вредна за чување и одржување, бикот ќе ви биде предаден и верен до самиот крај. Но, со оглед на нивниоте прилично големи побарувања, цврстата врска во нивните очи може да се претвори во нешто што не е вредно за да се спаси. Ракот е верен се додека е среќен.

Љубомора: 85%

Лав

Верност: Со правите зборови, лавот може многу лесно да биде заведен, но тоа не значи дека ќе ја жртвува својата врска, туку ќе стави се на вага и ќе процени што повеќе му одговара. Има многу силно его поради што е многу тешко да го воодушевите.

Љубомора : 80%

Девица

Верност: Девиците се доста верни и истото го очекуваат од партнерот. Но, овој знак во долга врска може да стане лабилен, посебно ако му се допадне нечие ласкање. Тешко се вљубуваат.

Љубомора: 40%

Вага

Верност:Вагите сакаат да експериментираат и да вагаат како се во животот генерално, така и во врската поради што може да се каже дека не се верни партнери. Уживаат во љубовта и авантурите и мошне е тешко да ги скротите. Но, ако некому тоа му успее, тогаш остануваат во врската среќни и вљубени.

Љубомора: 50%

Скорпија

Верност: Скорпиите се познати како големи шармери и заводници што поради лукавите и избрани зборови, што поради силниот сексапил со којшто зрачат. Иако се склони кон авантури и сакаат да испробуваат нови работи, ако изберат животен партнер, тогаш целосно ќе му се посветат.

Љубомора: 90%

Стрелец

Верност: Тие се доста активни и популарни во друштво, поради што нивната верност не се споменува како добра особина. Сакаат стабилна врска, но од време на време подготвени се да си приуштат по некоја авантура.

Љубомора: 20%

Јарец

Верност: Овој знак цврсто стои на земјата и не му се потребни никакви ласкања за да ги задоволи сопствените потреби. Доста се верни и предадени и истото го очекуваат и од партнерот. Подготвени се да трпат за вистинската љубов.

Љубомора: 30%

Водолија

Верност: Тие се доста непредвидливи љубовници кои што е мошне тешко да ги контролирате. Сакаат да си играат игри, поради што често „завршуваат“ во неверство. Доста се несигурни во љубовта поради што стануваат ранливи и склони кон експериментирање.

Љубомора: 10%

Риби

Верност: Рибите се доста отворени и сакаат да пливаат во друштвените и љубовните води. Врските им се долги и стабилни, Кога сакаат, сакаат искрено и тоа ќе го покажат со своите дела, но исто така, авантурите не им се непознати.

Љубомора: 70%