29 години од поставувањето на камен-темелникот на единствената црква во Арачиново

На 10 август во 1994 година во скопско Арачиново бил поставен и осветен камен-темелникот на новата црква „Св. Маченик Талалеј“, единствената православна селска црква во ова село.

Според некои записи, состојбата на црквата започнала да се влошува по протерувањето на Македонците од селото, по завршувањето на воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Црквата била подложна на кражби и била оставена потполно незаштитена. Поранешната крстилница, кујната и трпезаријата биле целосно демолирани и опустошени.

Во јануари 2016 година бил извршен голем вандализам во црквата, најголем од терористичките активности од 2001 година. По фреските и иконите биле видливи длабоки бразди, направени со нож, вулгарни цртежи на полни органи.

Најмногу биле оштетени фреските на Света Петка и Света Недела, кои биле насликани на левиот ѕид од влезот и се подарок од семејствата на Атанас Анчевски и на Трпе Јакимовски во 1997 година. Траги од нож биле пронајдени и на фреската на Свети Ѓорѓи, како и на иконите на Свети Атанасиј, на Пресвета Богородица, како и на фреската на Свети Никола, на која покрај оштетувања со нож, имало и недостојни цртежи.