
И денеска нема починати од ковид-19, а 29 лица се заразиле со ковид-19, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.887 тестирања, а новите заболени се во Скопје 9, во Кичево 5, Куманово и Тетово по 4, Прилеп и Охрид по 2 и Штип и Струмица по 1.
Регистрирани се 34 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.