Децата со посебни потреби наскоро ќе добијат игралиште на просторот пред надвозникот во населбата Ѓорче Петров, во рамките на повеќенаменското спортско игралиште.
Ова е прво игралиште од ваков вид во општина Ѓорче Петров, кое зафаќа површина од 320 квадратни метри.
За лицата со посебни потреби се поставени соодветни реквизити, а патеките што водат до нив ќе бидат лесно пристапни.
Локалната власт најави дека иглиштето ќе се огради со бетонска ограда, а ќе биде поставена и гумена подлога.