Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 296 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 114 санкции, 85 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, 33 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 16 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила, четири за недавање првенство на минување на пешаци, 41 за непрописно паркирање.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.