Папата Франциско го пречека Обама во Ватикан

Папата Франциско го пречека американскиот претседател Барак Обама, кој пристигна во посета на Ватикан, пренесе „АФП“.

Ова е прва средба меѓу Обама и папата, по изборот на Аргентинецот за поглавар на Римокатоличката црква во март 2013 година.

Се очекува за време на средбата двајцата да разговараат за борбата против нееднаквоста, најголемите светски кризи и општествени прашања.

Обама ќе се сретне уште со италијанскиот колега Џорџо Наполитано и премиерот Матео Рензо.