Популарното дуо чии песни бројат милионски прегледи, омилени на младата популација во Македонија, но и надвор од нашите граници, ќе го отворат Културното лето во Кисела Вода заедно со DJ Mats.
Утре, 22 јуни, со почеток во 21 часот настапува DJ Mats, а во 22 часот свој концерт ќе одржат 2Bona.
– Ве покануваме на уште една незаборавна забава, која ветуваме дека ќе биде уште подобра од лани, велат организаторите.
Музичкиот настан ќе биде во Расадник (спроти ООУ ,,Кирил Пејчиновиќ”).