3,3 милиони долари за победниците на годинешниов УС Опен

Наградниот фонд на овогодишното издание на УС Опен е зголемено за 10,5% и ќе изнесува 42,3 милиони долари, соопштија денеска организаторите.

Зголемени се паричните награди за секое ниво, а победниците во сингл во машка и женска конкуренција ќе заработат по 3,3 милиони долари. Само за пласман во првото коло, секој тенисер ќе добир по 39.500 долари, а на победниците во двојки им следуваат вкупно 570 илјади долари.

УС Опен е турнир со најголем награден фонд од сите Гренд слемови. Победниците на Австралија Опен заработуваат по 2,5 милиони, на “Ролан Гарос” по два, а на Вимблдон 2,9 милиони долари. Оваа година, УС Опен почнува на 31 август.