Тутунопроизводителите на големо го расадуваат тутунот на нива. Според Државниот земјоделски инспекторат годината е добра за производство на тутун. Тутунарите склучиле околу 30 000 договори за производство на 26 500 тони тутун. Годинашнава реколта е многу слична со ланската, но условите се подобри.
Тутунопроизводителите не одстапуваат од своите барања за измените во Законот за тутун за да бидат еднакви партнери со откупувачите, а не во подредена ситуација и да трпи исплатливоста на производството. Во Македонија од производтство на тутун живеат над 20 000 фамилии кои цела година работат, а парите ги добиваат по предадениот пласман.